Утрински Весник
Балкан

Во Истанбул отворен најголемиот градски парк во Турција со 1,2 милиони квадратни метри зелена површина

20251102095313 big 730x400 75.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најголемиот градски парк во Турција официјално е отворен денеска во Истанбул на официјална церемонија на која присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган,  јавија турските медиуми.

Новиот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот аеродром „Ататурк“ во европскиот дел на Истанбул, има 1,2 милиони квадратни метри зелена површина, каде се засадени над 20.000 дрвја.


Заедно со големи зелени површини, на територијата на комплексот има и четири библиотеки, четири ресторани, отворена сцена со капацитет од 30.000 луѓе, 12 тениски терени, 11 кошаркарски терени, шест фудбалски и одбојкарски терени, како и над 100.000 квадратни метри пешачки и велосипедски патеки.

Паркот е наменет и да служи како место за собирање при вонредни ситуации, а доколку е потребно, неговата територија ќе може да прими до 165.000 луѓе.

Можете да прочитате

Полиција ги растера демонстрантите во Белград и уапси возач на автобус и студенти

Експлозија на бомба во Сараево!

Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“