Утрински Весник
Свет

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Istanbul.webp.webp
Dik 300x250 mk

На 3 ноември во Истанбул ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на исламските држави посветен на американскиот мировен план за Појасот Газа, најави денеска шефот на трската дипломатија Хакан Фидан.

Се очекува министрите од Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Пакистан, Индонезија, Саудиска Арабија и Египет да присуствуваат на состанокот, но нивното учество сè уште не е потврдено.


– Се појави мировен план, кој нуди зрак надеж за сите, наведе Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот естонски колега, Маргус Цахна.

Фидан истакна дека в понеделник може да се разгледа спроведувањето на мировниот план: кои се пречките за него, кои предизвици треба да се надминат, кои се следните чекори, што да се разговара со западните земји и каква е поддршката за разговорите со САД.

Според него израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „бара изговор да го прекрши примирјето (во Газа) и да го обнови геноцидот пред очите на светот“.

– Нашата дипломатија работи интензивно, а нашата армија, исто така, го разгледува својот можен придонес во меѓународните сили“ кои би го надгледувале прекинот на огнот, посочи Фидан.

Најверојатно, Нетанјаху нема да дозволи Турција да биде вклучена, бидејќи смета дека е премногу блиска до палестинското движење Хамас.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби