Утрински Весник
Свет

Во Иран уапсени две жени кои танцувале на јавно место

20240309094906 big 730x400 22.webp.webp

Две млади жени се уапсени во Иран по објавувањето на видео на кое тие танцуваат за да го прослават доаѓањето на Новруз (персиската Нова година) која почнува на 20 март, објавија денеска локалните медиуми.

Тие се уапсени поради „прекршување на општествените норми“. Исламскиот закон во Иран им забранува на мажите да танцуваат со жени или само жени да танцуваат на јавно место.

Жените маскирани во Хаџи Фируз, фолклорен лик облечен во црвено, чии танци и песни го најавуваат доаѓањето на Новруз, танцуваа во близина на плоштадот Тајриш, популарно место во северен Техеран

Изминатиот период беа објавени голем број видеа на кои жени танцуваат на јавни места, особено во метрото. Видеата зачестија по протестите организирани поради смртта на 22-годишната Махса Амини во 2022 година во притвор, откако беше уапсена од страна на моралната полиција за непочитување на строгиот кодекс на облекување на жените во земјата.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император