Доцна синоќа, се случило убиство во населбата Боровци во општина Кула Норинска во Хрватска. Маж го убил својот брат. Полицијата го соопшти инцидентот утрово. -Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Дубровник-Неретва и Полициската станица Метковиќ завршија кривична истрага со која беше утврдено основано сомнение дека 46-годишен маж сторил кривично дело убиство на штета на 51-годишник, со кој има блиски семејни врски. Осомничениот уби 51-годишен маж со ладно оружје нанесувајќи му две убодни рани во стомакот, информира полицијата. Во конкретниот случај полицијата постапила по добиената дојава и на местото на настанот е пронајден 46-годишен осомничен, кој е приведен и донесен во полициските простории за кривична истрага. По наредба на Жупаниското државно правобранителство, телото на починатиот е пренесено во Одделот за патологија на дубровничката болница, каде што ќе биде извршена обдукцијата.