Утрински Весник
Македонија

Во групата во која бил Ковачев имало лица кои се ризик за безбедностa, велат од Министерството за надворешни работи

Ковачев за забраната за влез: Скопје должи јасно објаснување

Во групата со која на 6 мај сакал да влезе во земјата бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност.

dobivaj vesti na viber

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Од тука се децидни дека сензитивноста на процесот со уставните измени не остава простор за преземање на најмал ризик кој би влијаел негативно на успешното спроведување на измените.

Се додава дека секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија.

Претходно денес, Ковачев порача дека потегот бил огромна грешка и побара објаснување.

Можете да прочитате

19-годишник пронајден починат во семејниот дом во скопско

Заев до Груевски: Да ја одлежеше казната, ќе покажеше достоинство кон народот на Македонија

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија