Утрински Весник
Македонија

Во Грчец бил држен маж осум часа во куќа откако бил грабнат поради наводен долг

Napad.jpg

Четириесет и шестгодишниот М.М. од селото Шемшево, вчера околу 13.45 часот бил грабнат со автомобил од страна на четири лица, кои му се заканиле со огнено оружје. Како што објави МВР, потоа бил однесен во куќа во селото Грчец и физички нападнат. Лицата, како што се наведува, барале од него да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. По околу осум часа со возило го оставиле во Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Кривична за девет лица – „Мерцедес-Мајбах” пуштен со лажни документи, буџетот оштетен за 1,9 милиони денари