Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар ќе се прегласува првиот круг за градоначалник само зашто не излегле уште 22 избирачи

20251019192515 big 730x400 35.webp.webp
Dik 300x250 mk

Поради недоволен цензус, првиот круг локални избори ќе се повтори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа, кажа Државната изборна комисија.

Во овие четири општини не се исполнети условите за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, како за градоначалник, така и за советници.


Така во Гостивар место една третина, одѕивот е 33,31 проценти, па поради тие 0,02 отсто, гласањето ќе се повтори. Математичката пресметка вели дека кабает се само 22 избирачи, кои да излезеле, ќе напраеле цензус.

Во првиот круг за малку ќе победеше Балбон Лјимани од НАИ (ДУИ). Таму втор е Дарко Грујоски од Левица, па ВЛЕН.

Целиот прв изборен круг во овие 4 општини ќе се повтори во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

Во 43 општини гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници. Во 33 ќе има втор круг на втори ноември.

Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови, цензус нема.

извор sdk.mk

Можете да прочитате

Левица: Исмаил со докази ги демаскираше дезинформациите на ДПМНЕ

Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство