Утрински Весник
Свет

Во големите пожари во Јужна Кореја досега погинаа 26 лица

Pozar Korejaj.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шумските пожари што беснеат низ Јужна Кореја денеска се двојно поголеми во однос на претходниот ден, а бројот на загинати се зголеми на 26. Повеќе од 33.000 хектари земја веќе изгореа во најголемиот пожар што избувна во централниот дел на округот Усеонг, што го прави најголемиот поединечен пожар во историјата на Јужна Кореја.

Противпожарни хеликоптери го гаснат пожарот во планинските предели на југоистокот од земјава, каде пожарите беснеат речиси една недела.


Повеќе од 120 хеликоптери се распоредени во три региони за гаснење пожари, соопшти локалното Министерство за безбедност. Јужна Кореја се потпира на хеликоптери во борбата против шумските пожари поради нејзиниот планински терен.

Пожарите што избувнаа во Уисеонг брзо се движат кон исток, ширејќи се речиси до брегот, носени од силни ветрови и сушните услови што ја влошуваат ситуацијата.

Додека Метеоролошката канцеларија прогнозираше дожд на југозапад, врнежите се очекува да бидат под пет милиметри за повеќето од погодените области.

„Количеството дожд ќе биде мала, па се чини дека нема да биде од голема помош во обидот да се изгасне пожарот“, рече Лим Санг-Сеоп, министер на Корејската шумска служба.

Можете да прочитате

Банката на Русија поднесе тужба против Euroclear за замрзнати средства и изгубен приход

Протести во Литванија против планирани реформи во јавниот радиодифузен сервис

Ескалираше протестот на земјоделци од неколку европски земји во Брисел