Утрински Весник
Магазин

Во Германија пронајдена гробница со повеќе од 1.000 скелети, најверојатно жртви на епидемија

Screenshot 2024 03 06 195402.jpg

Археолозите велат дека ја откриле најголемата масовна гробница некогаш ископана во Европа. Приближно 1.000 скелети на жртви од чума досега се пронајдени во масовна гробница во центарот на градот Нирнберг.

Остатоците се откриени при археолошки истражувања пред изградбата на нови станбени згради во градот. Мелани Лангбејн, од одделот за наследство во Нирнберг, изјави за Си-Ен-Ен дека се идентификувани осум јами, од кои секоја има неколку стотици тела.

„Овие луѓе не беа погребани на вообичаените гробишта, иако идентификувавме гробишта за болни од чума во Нирнберг. Тоа значи голем број мртви луѓе кои морале да бидат погребани за краток временски период, без оглед на христијанските обичаи за погребување“, рече таа.

Според неа, епидемија како чумата е „повеќе од веројатно“ објаснување за масовната гробница. Од 14 век, Нирнберг неколку пати се соочувал со епидемии на чума, па затоа било тешко да се одреди кога датираат пронајдените скелети.

Археолозите користеле радиојаглеродно датирање и утврдиле дека скелетите од една јама припаѓаат на луѓе кои живееле помеѓу доцните 1400 и раните 1600 години На локалитетот се пронајдени грнчарски парчиња и монети кои датираат од тој период.

Лангбејн нагласи како откриле белешка од 1634 година во која се опишува појава на чума која убила повеќе од 15.000 луѓе во 1632-1633 година. А во белешката стои дека речиси 2.000 луѓе биле погребани во близина на Св. Себастијан Спитала, местото на сегашното ископување.

Џулијан Декер, чија компанија „In Terra Veritas“ ги спроведува ископувањата, призна дека бил изненаден од откритието.

„Немаше индикации дека се закопани на ова поле“, истакна тој, додавајќи дека кога биле откриени првите останки, мислел дека тие би можеле да бидат жртви на бомбардирања од Втората светска војна.

Декер сега верува дека локацијата содржи повеќе од 1.500 скелети. „Јас лично очекувам бројката да биде 2.000 или уште поголема, што ќе ја направи најголемата масовна гробница во Европа“, предвидува тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста