Утрински Весник
Свет

Во Германија има повеќе од милион бегалци од Украина, третина од нив сакаат да останат

Во Германија има повеќе од милион бегалци од Украина, третина од нив сакаат да останат
Dik 300x250 mk

Повеќе од една третина од бегалците од Украина сакаат трајно да останат во Германија, а мнозинството тука се чувствуваат добредојдени, покажува истражувањето објавено денеска.

dobivaj vesti na viber

„Помеѓу испитаниците, 26 отсто од украинските бегалци рекле дека сакаат засекогаш да останат во Германија, а дополнителни 11 отсто планираат да останат таму најмалку неколку години“, произлегува од студијата „Бегалци од Украина во Германија – пребегнување, пристигнување и живот“, која беше заеднички објавена од Федералната миграциска канцеларија и Институтот за германски економски истражувања.

Според истата студија, околу една третина сакаат да се вратат во Украина по завршувањето на војната, додека 27 отсто од анкетираните бегалци се’ уште не одлучиле.

Во меѓувреме, дури 17 отсто од украинските бегалци нашле постојано вработување, од кои 71 отсто од случаите се работи за кои е потребен факултет или високо образование.

„Во споредба со искуството на претходните групи бегалци, ова е многу висок процент“, рече Херберт Брукер од Федералната канцеларија за миграција за време на презентацијата на студијата во Берлин.

Експертите претпоставуваат дека уделот на вработени меѓу бегалците ќе се зголеми по надминување на јазичните бариери. Повеќе од половина од бегалците посетуваат курс по германски јазик.

Во моментов има нешто повеќе од еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија во текот на годината поради рускиот напад на Украина. Осумдесет проценти од возрасните бегалци се жени.

Огромното мнозинство од испитаниците се чувствуваат добредојдени во Германија, додека само седум отсто рекле дека не се чувствуваат добредојдени во Германија.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште