
Сè поголем број трговци во Германија се соочуваат со т.н. „изложување“ – појава кога купувачите разгледуваат и бараат совет во продавница, а потоа производот го нарачуваат онлајн по пониска цена.
Една од оние што решиле да се спротивстават на оваа практика е Стефани Кранц, сопственичка на семејна продавница за училишни чанти во Бохум и Хаген, која вели дека ваквото однесување станува сè почесто и им создава загуби на локалните бизниси.
„Им посветуваме еден час на клиентите, им даваме детални совети, ги мериме чантите, ги објаснуваме разликите. Во меѓувреме, тие се на телефон и бараат поевтина понуда. Тоа е фрустрирачко“, вели Кранц.
За да ја заштити работата и времето на своите вработени, продавницата воведе нова практика: стручното советување се наплаќа 25 евра. Доколку купувачот на крај ја купи чантата, таа сума се одбива од цената. Доколку не купи, парите остануваат кај продавницата како надомест за извршената услуга.
Сличен модел применува и берлинската продавница Skate & Glide, која исто така наплаќа совет без обврска за купување, објавува Večernji.hr.

