Денес во Гази Баба полицијата фати затвореник кој бил баран со централна потерница.
Според информациите од МВР, станува збор за гостиварец кој бил осуден на 15 години затвор за тешка кражба.
„Денеска (27.04.2023) во 14:15 часот на булеварот Војводина во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(43) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната“, велат од МВР.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Претходно вчера, уште еден гостиварец осуден на затвореска казна беше фатен.