Утрински Весник
Свет

Во Франција најавени 250 собири, се очекуваат меѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

20250918090236 big 730x400 33.webp.webp

Во Франција, за денеска се најавени 250 собири по повод Денот на социјалната мобилизација, а според француските медиуми се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти низ целата земја.

Според проценките на француското Министерство за внатрешни работи, се очекува да протестираат во Париз помеѓу 50.000 и 100.000 луѓе.


Синдикатите најавија масовен одѕив на просветни работници, студенти, транспортни работници, таксисти и работници во индустријата, додека речиси 80.000 полицајци ќе бидат распоредени за да обезбедат јавен ред и да спречат немири.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бруно Рејтајо, рано утрово, извести за „обид за блокади“ во парискиот регион, особено автобуските станици во Обервилие и Сен Дени.

Прекини во јавниот превоз беа пријавени во неколку поголеми градови низ земјата, вклучувајќи ги Лион (трамваи, автобуси), Марсеј (автобуси), Лил (метро, ​​трамваи, автобуси), Тулуз (метро, ​​автобуси), Бордо (трамваи, автобуси), Нант (трамваи, автобуси) и Стразбур (трамваи, автобуси), јавија француските медиуми.

Денот на социјална мобилизација беше најавен кон крајот на август како одговор на мерките за штедење на буџетот предложени од поранешниот министер за финансии Франсоа Бајру.

Овие мерки предизвикаа отпор од синдикатите, кои изразуваат незадоволство од намалувањето на социјалните права.

На претходниот протест, одржан на 10 септември, се собраа речиси 197.000 луѓе, според податоците од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел