Утрински Весник
Свет

Во Ерменија спречен заговор за државен удар предводен од архиепископот Баграт Галстанјан

20250625112629 big 730x400 97.webp.webp

Ерменските власти соопштија дека осуетиле терористички заговор од страна на членови на протестно движење предводено од архиепископот Баграт Галстанјан, објави ерменската агенција „Арменпрес“.

Ерменската истражна служба издаде соопштение во кое се наведува дека осомничените  планирале терористички напади и државен удар од ноември минатата година.


Француските медиуми забележуваат дека Галстанјан ги предводеше минатогодишните протести со кои се бараше оставка од ерменскиот премиер Никол Пашинјан поради неговата политика кон Азербејџан.

Движењето предводено од Галстанјан е познато како „Сербазан Пајкар“ (Света борба), кое од средината на минатата година започна да ги организира антивладините демонстрации.

„Агенциите за спроведување на законот осуетија голем и подмолен „криминално-олигархско-свештенички“ план за дестабилизација на Република Ерменија и узурпирање на власта“, рече Пашинјан на социјалните медиуми.

Властите соопштија дека Галстанјан самиот ги регрутирал своите следбеници за да формира „екипи за удар“ за извршување терористички акции насочени кон соборување на владата и преземање на власта.

Осомничените биле регрутирани првенствено од поранешни воени лица и поранешни полицајци за да се приклучат на убиствените тимови од по 25 лица. Формирани се до 250 такви тимови, секој со специфични цели, како што се поттикнување судири, блокирање патишта, парализирање на сообраќајот низ целата земја, извршување експлозии и други кривични дела со цел создавање паника, нереди и преземање на власта.

Властите наведуваат дека групата од јануари до сега регрутирала повеќе од 1.000 луѓе и веќе набавила експлозиви за своите акции.

Заговорот бил откриен од Националната безбедносна служба.

Можете да прочитате

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин

Папата Лав Четиринаесети ги повика Иран и Израел на дијалог и мир