Утрински Весник
Свет

Во Еквадор запленет кокаин вреден 7,3 милиони долари, на пакетите лепенки со албанско знаме

20240216120655 Big 730x400 67.webp.webp

Полицијата во Еквадор запленила 122 пакети со кокаин, на кои имало лепенки со албанско знаме, јави Топ чанел. Дрогата вредна 7,3 милиони долари, била запленета во кантонот Ел Гуабо, провинција Ел Оро, со крајна дестинација Европа.

-Според еквадорската полиција уапсен е Џонатан М.(37) кој ја превезувал дрогата со камион. Пакетите биле со лепенки со албанско знаме.

Кога ја забележал полицијата, тој ја зголемил брзината на движење и додека се обидувал да побегне се удрил во објект за банани во секторот Санта Лусија и се дал во бегство меѓу насадите, наведува телевизијата. При претресот на возилото била пронајдена дрогата а кусо потоа бил уапсен Џонатан М. , кој во себе имал 2. 090 долари.

Полковникот Хуан Карлос Мафла, началник на полицијата на Ел Оро, изјавил дека запленетата дрога требало да биде испратена во Европа, а има вредност од 7. 320. 000 долари.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков