Утрински Весник
Свет

Во една област има подметнато девет пожари за четири часа, тврди грчки министер

Во една област има подметнато девет пожари за четири часа, тврди грчки министер

Грчките пожарникари се уште се борат против неколку пожари, но и против силните ветрови и топлиот и сув воздух, во неколкудневно ширење на пожарот на североистокот на Грција и на периферијата на главниот град Атина.

dobivaj vesti na viber

Во пожарите минатата недела загинаа 20 лица, меѓу кои и две момчиња на возраст од 10 до 15 години, а властите веруваат дека жртви се бегалци кои дошле од Турција, пренесува АП.

Нивните тела се пронајдени во близина на кабина во опожарена шумска област во североисточна Грција.

Досега во битката со огнената стихија се повредени 60 пожарникари, потврди портпаролот на противпожарната служба Јоанис Артопиос.

Пожарите беснеат и во други делови на Европа, но на островот Тенерифе во шпанскиот архипелаг Канар, во северозападна Турција во близина на границата со Грција, во Португалија и во Италија, пожарите се под контрола, соопштија властите.

Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас изјави дека некои пожари во близина на Атина биле намерно предизвикани.

„Некои пиромани палат пожари, загрозуваат шуми, имоти и пред се човечки животи. Ова што се случува не само што е неприфатливо, туку е одвратно злосторство“, рече Кикилијас во изјава за грчката телевизија.

Според него, денеска во период од четири часа биле подметнати девет пожари во областа Авлона, во северното подножје на планина кај Атина.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков