Утрински Весник
Македонија

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на помал влажен бран во склоп со малку поладен воздух од север и од североисток на ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна помала промена на времето. Ќе имаме повеќе облачност  и локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието како и во источните предели од Македонија.


На планинските места пак со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има повремени слаби врнежи од снег.

Во Скопје и околината исто така на ден 5-ти март 2026 четврток ќе има повремен локален дожд проследен со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак како што веќе претходно кажав  и најавив целата оваа промена кратко ќе трае  па во деновите потоа ќе имаме повторно стабилно и релативно топло време  преку ден сои натпросечни температури и со многу повеќе сонце.

Можете да прочитате

Николоски: Градежништвото е со двоцифрен раст

За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците