Утрински Весник
Македонија

Во четврток (11 септември) во Македонија нови врнежи, грмежи и невреме!

Meteoalarm.mk 39.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во нашата Република Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата.


Во ваква ситуација во нашата Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за локална појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во четврток (11 септември) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите тие во четврток (11 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје  и околината во четврток (11 септември) максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Можете да прочитате

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги излажа скопјани со EXIT

Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања

СДСМ до ДПМНЕ: За ова ли ви требаа 58 пратеници – за функционерите да не го признаваат ниту македонскиот јазик