Утрински Весник
Македонија

Во Чаир не бил приведен член на избирачки одбор туку лица кои се претставувале како набљудувачи

Policija 2.webp.webp

МВР демантира дека во Чаир е приведен член на избирачки одбор.

Oд МВР, велат дека се работи за две лица кои седеле во дворот на училиштето и се идентификувале како набљудувачи, а одбиле да покажат соодветна идентификација.


-Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ВИКЕНДОВ: Северен ветер и врнежи од дожд и снег

Детали за убиството во Охрид: Старецот бил задавен со голи раце

Дончиќ: Силна поддршка од СДП Хрватска за СДСМ и Филипче