Утрински Весник
Македонија

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Studeno Vreme.jpg

Утрово е најстудено во Берово, еден степен, а максимални 16 степени се измерени во Гевгелија.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот утрово се измерени и 3 степени во Лазарополе, 4 во Попова Шапка, 5 во Крива Паланка и Битола, 6 во Маврови Анови, 7 во Тетово, Струмица и Крушево, 8 во Штип, Прилеп, Демир Капија и Претор, 9 во Скопје – Петровец, 10 во Куманово и Виница, 11 во Охрид, 12 во Скопје – Зајчев Рид и 13 во Велес.


Времето денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Можете да прочитате

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите