Утрински Весник
Балкан

Во Белград запленета дрога вредна 350.000 евра

Srbija Policija 960x548 1.jpg

Во Белград, полицијата запленила хероин и кокаин во вредност од околу 350 илјади евра. Дополнително, едно лице е уапсено поради трговија со дрога, соопшти српското МВР, пренесе 4NEWS.mk

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека при претрес на стан и други простории што ги користел осомничениот П.З. (42), во закопано буре биле пронајдени околу 10 килограми хероин и околу 2,5 килограми кокаин, пренесува СРНА. Исто така, била пронајдена и опрема за пакување и продажба на дрога, како и супстанции за зголемување на масата на наркотиците.

Дачиќ посочи дека се работи за продолжување на серијата рекордни заплени во главниот град во изминатиот период.

„Полицијата од 23 јули до 20 август оствари рекордни заплени на наркотични средства во Белград. Запленети се 62 килограма кокаин и две тони марихуана, со вкупна вредност од околу шест милиони евра“, наведе Дачиќ.

Можете да прочитате

Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година и девет месеци затвор

Протести во Бугарија поради предлог буџетот за 2026, судири со полицијата во Софија

Притвор за македонец осомничен за серија кражби во Подгорица