На улиците на Белград се собираат поддржувачи на двете завојувани страни, и украинските групи и здруженија, како и проруските движења.
Годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина стигна на улиците на главниот град на Србија, а собири и прошетки организираат поддржувачи на двете завојувани страни.
Неколку десетици проукраински активисти се обидоа на претставниците на руската амбасада во центарот на Белград да им предадат торта со череп и црвено слатко што наликува на крв.
Бидејќи полицијата ги спречи во тоа, белградскиот адвокат Чедомир Стојковиќ од „Групата Октобар“ постави торта на тротоарот во близина на амбасадата пред полицискиот кордон, а потоа заедно со уште неколку активисти го развиори украинското знаме.
„Ја донесовме оваа торта бидејќи ова е единствениот подарок што треба да им се даде. Тоа е она што се случува во Украина, последица на нивната политика и агресија, а тоа ќе станува се повеќе и повеќе ако режимот во Москва не биде поразен“, рече Стојковиќ пред полицискиот кордон, со уште десетина луѓе.
Меѓу другите, собирот го организираат амбасадата на Украина и некои други невладини организации, како и проруските движења во Србија.
Војната во Украина започна на 24 февруари 2022 година со нападот на руските сили врз оваа источноевропска земја.
Србија не се приклучи на санкциите на Европската унија против официјална Москва, но гласаше во Обединетите нации за резолуции за осуда на агресијата врз Украина.