Утрински Весник
Балкан

Во Белград ќе почне судење на деветмина студенти уапсени по протестот на Видовден, обвинети за подготовка на дело против уставниот поредок

Sud.webp.webp

Студентите во блокада објавија дека судењето на деветмина нивни колеги уапсени по протестот на Видовден ќе се одржи денеска во Белград. Нивните колеги се обвинети за подготовка на дело против уставниот поредок.

Повикувајќи на протест за поддршка претпладнево во 11 часот пред Палатата на правдата, студентите потсетија дека по протестот „Се гледаме на Видовден“ на 29 јуни, девет студенти беа уапсени, а Вишото јавно обвинителство објави дека тие се обвинети за „кривично дело – Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок“.

„Тројца студенти на Земјоделскиот факултет станаа цел на организирано заплашување. Двајца од нив беа киднапирани недалеку од факултетот. Тие беа насилно извлечени од автомобилот, а луѓето што ги одведоа не се идентификуваа, ниту ги наведоа причините за нивното притворање. Тие беа однесени во непознат правец“, објавија студентите на Инстаграм.

Тие испратија порака до граѓаните за плановите за 28 декември – ќе собираат потписи за распишување парламентарни избори на тој ден.

„Дојдете, придружете ни се и потпишете ја победата. 28.12. Ќе бидеме насекаде“, објавија студентите на X. Како што рекоа, со тие потези сакаат да испратат три пораки – сила и организација, конкретна поддршка и мобилизација.

Студентите објаснија дека сакаат да покажат дека имаат теренска мрежа што може да извршува логистички тешки операции, што е проба за вистински избори. Така сакаат да им дадат поддршка на луѓето што се бореле досега и да покажат „дека не ги оставаат своите луѓе на цедило“.

Целта е пасивните набљудувачи да се претворат во активни учесници бидејќи, како што наведоа, потпишувањето е првиот чекор кон гласање.

Можете да прочитате

Во Албанија дадена првата лиценца за дигитална банка

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земја