Утрински Весник
Свет

Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа

20240915104253 Big 730x400 21.webp.webp

Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.

На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.

Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.

Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.

Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.

Можете да прочитате

Ова е осомничениот за обидот за убиство на Трамп

Драматични снимки од Полска, откако пукна брана: Ќе го поплави градот (ВИДЕО)

Силен земјотрес ја потресе Романија