Утрински Весник
Свет

Во Австралија се трага по 12-годишно момче – додека пливало, било нападнато од крокодил

Avtomobil.jpg

Австралиската полиција трага по 12-годишно момче кое било нападнато од крокодил додека пливало.

Алармот бил вклучен доцна синоќа во Палумпа, оддалечен град во северната територија, јавува „Скај њуз“.

Полицијата соопшти дека 12-годишното момче последен пат било видено како плива и дека „првичните извештаи се дека било нападнато од крокодил“. Беше почната потрага во која беа вклучени официјални лица и локални жители.

„Локалните полицајци се на местото на настанот и нашите мисли се со семејството и заедницата“, рече постариот наредник Ерика Гибсон.

„Полициските службеници во моментов ја пребаруваат областа со брод и благодариме на заедницата за континуираната помош“, додаде таа.

На северната територија има повеќе од 100.000 крокодили, а некои се големи и до шест метри. Сепак, фаталните напади врз луѓето се релативно ретки.

Во таа област се присутни и морски и слатководни крокодили. Морските крокодили се поголеми, поопасни и поагресивни кон луѓето и можат да пораснат до шест метри во должина. Слатководните крокодили можат да достигнат три метри во должина, а познато е и дека ги напаѓаат луѓето.

Можете да прочитате

Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и засилување на тензиите

Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговорите

Путин рече дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина