Утрински Весник
Балкан

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Large.webp.webp

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост поради трагичната смрт на најмалку 15 сограѓани поплавите што го зафатија регионот, односно во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.

Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.

Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.

Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.

Можете да прочитате

Повторно покренато обвинение за убиството на Данка Илиќ

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година

Стотици жени снимени во бугарски салони за убавина, снимките завршиле на порно страници