Утрински Весник
Свет

Внимавајте, на Фејсбук има лажна вест за бесплатна картичка на ЈСП, некој сака да украде податоци од граѓаните

Jsp.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ попладнево ги информира граѓаните дека утврдена е измама со електронската картичка „скопска“ на социјалните мрежи, случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.

– ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со што е фалсификувано логото на електронската картичка „скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“. Се работи за измама со лажен линк, што краде податоци од платежните картички на граѓаните, пишува на веб-страницата на претпријатието.

Измамата, како што се додава, била пријавена во МВР и претпријатието очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите, како и итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП.

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода