Утрински Весник
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран!

Meteoalarm.mk 48.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија во текот на оваа работна недела ќе биде под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.


И во Скопскиот регион во текот на оваа работна недела времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно  од западен и од југозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат и 40 степени, односно, во Повардарието, вклучувајќи го и Скопскиот регион температуите ќе се искачуваат до околу 42/43 степени.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам, граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Царина заплени злато, 37.500 евра, „Ејпл” уреди, тутунски производи и парфеми

ДИК ги одби сите 16 приговори за вториот круг во Брвеница, Карпош и Шуто Оризари