Утрински Весник
Македонија

Внимавајте, магла и вечерва на овие патни правци

Magla Avtopat 1.jpg

ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека:Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла до 100 м. има во Кочани,Страцин,Битола и Плетвар.


ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот