Утрински Весник
Македонија

Внимавајте: Лажни инспектори пустошат низ Охрид

Policija.webp.webp

СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.

Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.

Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување И документирање на ваквите пријавени настани.

Можете да прочитате

„Беше среќна и насмеана“ – наставничката за последниот училишен ден на малата Катја

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги 

Билјана Ивановска и Миодраг Лабовиќ вечерва гости во „Ноќно студио“ на 4ТВ