Утрински Весник
Македонија

Внимателно возење: Магла на планинските превои Ѓавато и Плетвар

Magla Avtopat 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена е видливоста поради магла до 30 метри од с.Гајре –Попова Шапка, крак Маврово –Маврови Анови 10-15 метри и планинските превои Ѓавато и Плетвар 50-60 метри.

Од ЈП Македонија пат соопштија дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.


Со целокупната расположива механизација и работна сила, се наведува во соопштението, ЈП Македонија пат е вклучена во расчистување на патиштата.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“