Утрински Весник
Македонија

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Img 5350.jpeg

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека на одредени патни правци во земјава се забележуваат врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите. Најкритични се повисоките и планинските предели, каде што условите за сообраќај се значително влошени.

Од ЦУК апелираат до возачите да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината на движење според состојбата на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и препорачуваат граѓаните да ги следат официјалните информации и сообраќајни известувања пред да тргнат на пат.

Можете да прочитате

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

Ранѓеловиќ: Македонија треба да биде повнимателна во новиот мултиполарен свет