Утрински Весник
Македонија

Внимание, трета светска војна – ќе бегаме или ќе се криеме?

Whatsapp Image 2025 02 20 At 11.04.42 Am 1024x785 1.jpeg

Во најновата анкета на „Внимание“, Трн.мк ги праша граѓаните: „Ако дојде крај на светот, ќе бегаме или ќе се криеме?“

Еве неколку одговори: „Мислам дека нема да имаме избор“, „Немам план, кога ќе дојде, ќе му ја мислиме“, „Ваљда ќе се скриеме, ама и да се скриеме, џабе ни е“…


Граѓаните со поделени и проникливи одговори на прашањето „⁠Дали нѝ се спрема Трета светска војна?“: „Не знам, тешко прашање, со Трамп се може да ни се случи“, „Не ни се спрема, безбедни сме, никој нејќе да не нападне од страна, зашто нема што да добие од нас“, „Да, бе човек, на Фејсбук не читаш… Ленче пишуваше, 500 лајка има…“

На прашањето, „Дали знаете што треба да направите ако се огласат сирени за тревога?“, повеќето граѓани или не знаат, или кажуваат дека нема каде да се засолнат: „Кај нас не знам дали функционира во моментот, да се евакуираме во подземни скривници, како на времето што имаше… тоа се се печуркари направени“, „Ние како држава за ништо не сме опремени, за тоа пак ич“, велат граѓаните.

На прашањето „Европа, Америка, Русија или Халкидики – за кого си?“, повеќето од граѓаните кажаа „Европа“: „Европа, затоа што ние сме од Европа…, си го сакаме нашето“, „Ваљда Европа… мислам дека имаат добра политика“, „Мислам дека во моментов Европа е најнормална“

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Нема договор за вработување на 2.000 до 3.000 Албанци

(Видео/Фото) Големо албанско знаме се вее среде Водно

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)