Утрински Весник
Македонија

ВНИМАНИЕ: Со затоплувањето на времето, растат условите и за временски непогоди во Македонија!

Grom.jpg

Влеговме во топлиот дел од годината, а со затоплувањето на времето, порастот на температурите, доаѓа до загревање на атмосферата, со што токму поради ова растат и условите за временски непогоди во нашата Република Македонија. Поточно, поради влијанието на фронтални бранови, или фронтални пореметувања, истите со поладен воздух во висина кои ќе бидат присутни во нашата Македонија во текот на овој месец, повремено ќе се создаваат услови за развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер (локално проследени со временски непогоди и со појава на град).

Инаку во периодот од 2 јуни (понеделник) до 8 јуни (недела) ќе имаме значително потопло време, и тоа поради влијанието на топол воздух со потекло од Африка. Температурите на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, додека локално тие ќе се искачуваат и над 30 степени, а во Повардарието тие, особено од средината на новата седмица која е пред нас ќе надминуваат и 35 степени, односно температурата во овој дел од нашата Македонија ќе се искачува до околу 36/37 степени.


Сепак, повремено во погоре споменатиот период, ќе има развој на попладневни грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

На граѓаните ги советувам редовно да ја следат мојата метео анализа и информации кои секојдневно ги објавувам, и тоа по повеќе пати во денот, за навремено да бидат информирани околу развојот на временските услови кај нас, и за рана најава и предупредување од невреме. Исто така, на следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk

Можете да прочитате

После неколку обиди, сега е време за една изборна единица

ДЗР: Регионален развој без резултати – јавните инвестиции заглавени во локални приоритети

Арсовска до Мицкоски: Престани да ги браниш криминалците, твоето молчење го штити криминалот на ВЛЕН и ДУИ