Утрински Весник
Скопје

Внимание, доаѓа 1 септември: Ќе има ли бесплатни учебници, бесплатен јавен превоз и повисоки плати за наставниците?

Whatsapp Image 2024 08 29 At 12.45.57 Pm 1024x576 1.jpeg

Во новата сезона на „Внимание“ „Трн“ ги прашува граѓаните за почетокот на новата учебна година.

Тие не веруваат дека ќе има бесплатни учебници за сите: „Како и секоја година, нема да има“, вели една граѓанка.

На прашањето, ќе има ли бесплатен јавен превоз за учениците како порано, еден студент вели: „Треба да има, треба да има и бесплатни оброци“. Еден скопски шегаџија поентира: „Очекуваме нови автобуси да стигнат, и плави ќе бидат отсега“.

Повеќето скопјани сметаат дека наставниците заслужуваат повисоки плати од септември: „Затоа што образованието е клучен дел во развојот на една нација. Треба да имаме образовани индивидуи за иднината“; „Сите наставници во цел свет би требало да зимаат поише“, велат учениците.

На прашањето „Зошто расте неписменостa на македонските ученици?“, граѓаните одговорија: „Поради нашиот образовен систем“; „Никој неќе да учи веќе“; „Децава само на телефони седат“, „Учат се и сешто наеднаш, и напротив, ништо уствари не ги учат децата“…

Анкетата „Внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните го предизвикува артистот Дениз Абдула, во продукција на „Трн.мк“.

Можете да прочитате

Влада: На Скопјани им треба брзо решение, она што го бара Арсовска е набавка што трае година до година ипол

Град Скопје: Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани

Oд понеделник приватните превозници пак нема да возат во Скопје