Утрински Весник
Македонија

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат

Vmro.jpeg

Измислиците на СДС за патот Кичево-Охрид се навистина безобразни. Најкриминалниот договор во историјата го направија они заедно со ДУИ, кадешто како држава потрошивме стотици милиони евра, а не беше изграден ниту еден километар пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ веднаш се виде разликата. Покрај Кичево-Охрид, готови се Охрид-Св.Наум, Гевгелија-Богданци, Страцин-Крива Паланка, Градско-Фариш, а се градат уште 4 автопати истовремено. Ние не играме со бројки туку со дела. Автопатот Скопје-Охрид ќе биде готов 2026 година, велат од владејачката партија.


Можете да прочитате

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор