Утрински Весник
Македонија

ВМРО како фирма со еден газда, велат од СДСМ

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО.  Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети.

Мицкоски си воспостави бизнис модел сам да си владее со партијата. Исто како што сака да си владее со Македонија.

Се е поставено. Наместо реформи ВМРО денеска функционира како приватна фирма на еден газда каде сè е приватен бизнис и заштита на тој приватен бизнис. 

Затоа со отстранувањето на потпретседателите се поставени двајца најблиски соработници на Мицкоски, едниот задолжен само за организација на тендери а другиот за соработка со служби.

Во ВМРО секогаш, сè се врти само околу еден човек.

Порано тоа беше Груевски, сега е Мицкоски, се пренесува од колено на колено.

Можете да прочитате

Николовски: Ќе се бара конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

СДСМ прашува: Како десетици шлепери со марихуана поминале граница?

Авион од Скопје кон Париз итно пренасочен – безбедно слетување во Брисел