Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од недоличното однесување на Арсовска

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска ќе остави без егзистенција 100 вработени од „Водовод“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Згрозени сме од недоличното однесување на Арсовска, не беше доволен циркузот од СДС, па сега јавноста треба да го гледа циркузот на Арсовска, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по расправијата во Град Скопје помеѓу градоначалничката и претседателот на Советот на Градот, Трајко Славевски.

dobivaj vesti na viber

„Арсовска наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно. На македонската јавност ѝ е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на сè сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска. Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град“, наведе партијата во реакцијата.

Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде дел од циркузот на Арсовска.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе