Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За да му се оддолжат на Дака за 300.000 евра, СДС и ДУИ смениле ДУП во Тетово

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Коалициските партнери СДС и ДУИ за криминални активности не мирувале ни ден.


Па така, после изборите во 2020 година и по формирањето на нивната нова влада, не чекале многу за да почнат со нивните добро познати навики за криминал, корупција, тендери, разни набавки или, пак, измена на урбанистички планови.

Само еден ден од изборот на тогашната влада на Заев премина на исполнување на ветувањата кои тој му ги дал на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, така што здружно СДС и ДУИ во Тетово донесоа нов ДУП поради неговите бизнис интереси.

За лични придобивки и бизнис интереси, просторот на ШИК Јелак во Тетово СДС и ДУИ го дадоа на фирмата „Јелак Градба“ во сопственост на Дака, за да гради над 2.000 станбени единици, со тогашна вредност од над 200 милиони евра.

Сето ова, СДС и ДУИ му го овозможиле на контроверзниот бизнисмен на црната листа на САД, за и тие лапнат дел од овој милионски колач од изградбата на бетонската џунгла во Тетово, а можеби и за да им се оддолжат за 300 илјади евра и земјиштето во површина од 2.000 метри квадратни за кои Дака вели дека му ги дал на Заев.

Иако ова се сериозни индиции за сторен криминал, Јавното обвинителство никогаш не заангажира да го истражи, како што никогаш не истражи каде завршиле и тие 300.000 евра кои Дака преку, Кичеец му ги дал на тогашниот премиер и претседател на СДС, Заев.

Затоа го повикуваме ЈО целосно да ги истражи овие случаи каде постојат индиции за сериозен криминал, зошто времето покажа дека каде го има СДС, таму има криминал и корупција.

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа