Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата испорача 3,1% економски раст во втората половина на 2024 година

Vmro.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Според објавените податоци од ДЗС, економскиот раст во втората половина на годината се засили и достигна 3,1%, наспроти 2,4% колку што изнесуваше во првата половина на годината.


Ваквото позитивно поместување на македонската економија се должи на успешните економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која го стабилизира слободниот пад на земјоделското производство, кој траеше речиси четиринаесет квартали по ред. Исто така, интензивната градежна офанзива од страна на државата придонесе за висок годишен реален раст од 13,5% на активноста во градежништвото во последниот квартал на годината.  Растот во трговијата на мало и големо беше поизразен во третиот квартал, кога дојде до стабилизирање на цените, но истиот продолжи со умерено темпо во последното тримесечје. Солидните остварувања се задржаа во дејноста стручни, научни, технички, административни и помошни услужни дејности.

Анализирано од трошковна страна, растот во втората половина на годината во голема мера се должи на јавната потрошувачка, на посилниот придонес на бруто инвестициите и на понискиот пад на извозот. Сепак, негативните тенденции кај нашите трговски партнери се отсликаа во позначаен годишен пад на извозот во последното тримесечје на годината од 6% на годишна основа, што кореспондира со намалената индустриска активност во претходниот период. За разлика од ова, во последното тримесечје на годината производството во индустријата забележа минимален пад, а производството во преработувачката индустрија беше благо зголемено на годишна основа.

Можете да прочитате

РКЕ најави поскапување на горивата од 30 декември

Намален нето надворешниот долг и подобрена инвестициската позиција во третиот квартал од 2025

Од март 2026 повисоки плати за наставниците, еве за колку