Владата на СДС и ДУИ го девалвира собранието и го користи за одобрување на криминалот и корупцијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ, како што додаваат од оваа партија, денеска со злоупотреба на европското знаменце и гласање на измените на седум закони повторно покажа дека работи на штета на граѓаните.
„Со гласање на измените на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, пратениците на владејачкото мнозинство и коалицијата станаа директни учесници во криминалот и корупцијата на владата на СДС и ДУИ.
СДС и ДУИ се крајно безобразно и свесно се впушта во историски криминал.
Денеска цела јавност виде дека кога станува збор за криминал владата на СДС и ДУИ поддржана од цело владино мнозинство е спремна на се“, се истакнува во соопштението од оваа партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е исклучиво криминалот, провизиите, тендерите и милионските бизниси, а не изградба на коридорите 8 и 10д.