Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги одмрзнува цените, народот со ниски плати плаќа атрономски цени за намирници

Државен пазарен инспекторат: Над 100.000 евра казна за прекршителите на замрзнатите цени

„Ковачевски и Груби од денес ги одмрзнуваат цените, народот со 1/3 послаби плати од пред 2 години плаќа астрономски цени за намирници.

dobivaj vesti na viber

Власта не се справи со кризата, наместо реални мерки, владата прибегна кон полурешенија, кои ги презема по силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста, за сега и тие такви мерки да ги укинува.

И додека сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за градење на фотоволтаична централа по цена од 1 евро за квадрат, народот ќе плаќа поскап леб, тестенини, млеко, месни производи, овошје и зеленчук.

Ковачевски и Груби удираат по народот, за преку него да ги полнат дупките во буџетот кои тие ги направија со штетни договори со кои се испумпуваат милиони.

Апелираме власта да не ги одмрзнува цените, т.е. да го продолжи рокот на замрзнати цени. Народот не треба да ги плаќа грешките и криминалите на власта“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег