Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune.


Успехот на македонската култура, беше потврден и од Венециското биенале, кое ја става Македонија и нашата култура и историја на светската културна мапа, е уште еден успех на заложбите на Владата.

Делегација предводена од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја претставија македонската архитектура не само преку бетон и форми, туку и нашата историја и идентитет.

За потсетување, додека СДС не знае дали Љутков е министер за култура или министер за туризам, тој ја претставува Македонија гордо низ светот и привлекува туристи, прави конекции низ светот за потенцијални инвестиции и работи на развивање на државата.

Да успееја СДС барем 10% да направат за културата од тоа што оваа Влада го прави за 10 месеци, ќе имавме квалитетна култура, а не култура која има прокиснати театри, нула кина, нула филмови, нула сали, пари за песни за УЧК и пари за дресови и мечиња.

Еден совет до СДС, помалку да зборат за културата во Македонија, а повеќе да гледаат и учат!

Можете да прочитате

Струмица погодена од невреме, дрво падна врз автомобил

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Од август до сега цената на кафето порасна за 60%