Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утревечер ќе ги соопшти имињата на министрите и дополнителните заменици во техничката влада

IMG

По седницата на Извршниот комитет закажана за утревечер, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство кои ќе бидат дел од техничката влада.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше овластен од Централниот комитет на партијата во консултација со Извршниот комитет и други истакнати членови на партијата, но и со пошироки општествени чинители, да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“