Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски не е промена за СДСМ, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски.


Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС.

Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев.

За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче.

Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите,  забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.

И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев.

Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ