Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Изјавите на Каранфилова Пановска, дека се врши упад во трите столбови на власта се грешни, бидејќи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не дозволува вакво нешто, за разлика од владеењето на тандемот СДС и ДУИ, каде што ставаа партиски кадри на буквално секое место.
Да ја потсетиме Фани, дека седумгодишното владеење на криминалниот тандем СДС и ДУИ, поминуваше неказнето, бидејќи судиите како Весна Дамева и Наќе Ѓоргиев беа избрани од нив.
Да ја потсетиме Фани, дека на раководните позиции на структурите на безбедносните сили беа ликови како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, кои беа познати по давањето пасоши на белосветски крминалци и случајот Онишченко.
Да ја потсетиме Фани, дека на црната листа на САД, се најде првиот вицепремиер на нивната Влада, Артан Груби кој се сомничи за криминал и корупција, заедно со судијата Енвер Беџети.
Да ја потсетиме Фани, дека ДКСК изјави дека нема никаква основа за постапување против Христовски, кој во меѓувреме доби и НАТО сертификат.
Исто така, да ја потсетиме Фани, дека Македонија никогаш не била поблиску до ЕУ, со државничките политики на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од претходно, лидерите на земјите во ЕУ, ја поддржуваат пораката која ја пренесува Македонија на европските состаноци.
За разлика од СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите, кои тие ги создадоа.
Знаеме дека новото раководство на СДС, кое доаѓа од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кое го поддржуваше криминалот на Заев и неговиот потрчко Филипче, мораат да ги слушаат нивните задачи. Затоа народот не им дава поддршка и затоа и анкетите се такви за нив во форма на статиатичка грешка.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува да работи во интерес на граѓаните!