Тактиката Арсовска да измислува лаги, а Ковачевски да ја брани и да ги шири тие лаги, само кажува што било договорено на нивните тајни средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Улогата на Арсовска е да дефокусира од скандалите на Владата, а за возврат власта да го прави она што најдобро го знае, да замижи пред сите криминали, тендери и пропаст на градот Скопје. Ако имало какви било закани до Арсовска, прашањето е зошто тие не се пријавени во МВР наместо да глуми во јавноста лажна жртва“, се истакнува во соопштението од оваа партија.
Самото количество лаги што Арсовска го изнесе во јавноста, според ВМРО-ДПМНЕ, говори за непресметливоста на нејзиниот карактер.
Затоа додаваат дека е потребно институциите да ја испитаат нејзината психофизичка состојба бидејќи сомнежот е дека Македонија има деловно неспособен градоначалник.