Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни имоти и во град Скопје, директорите на средни училишта кријат имот

За првпат формирано Собрание на млади на град Скопје

Тајни имоти и во град Скопје, директорите на Арсовска и СДС кријат имот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Нема јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска директорка на СУГС Јосип Броз Тито која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС Орце Николов, Горанчо Николовски директор на АСУЦ Боро Петрушевски, Тања Јовановска директор на СУГС Васил Антевски Дрен и Маја Салиу директор на СМУГС Д-р. Панче Караѓозов. Дали овие лица се дел аферата тајни имоти? Што кријат директорите на овие средни училишта под јурисдикција на град Скопје? И зошто не го пријавиле својот имот на увод на јавноста?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што презема ДКСК, и дали ќе поднесат пријави за функционерите. Или ќе продолжат да ги штитат функционерите кои не ги почитуваат законите, како што го направија тоа со дезертерот Ковачевски?“, е наведно во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари