Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти.


За разлика од минатото денес имаме економија која расте, инвеститори кои ги препознаваат можностите во земјава, раст на индустриското производство и извоз кој се зголемува. Владата на СДС и ДУИ се фокусираше на провизиите и не беше заинтересирана за странски инвестиции и отворање на нови работни места.

Наместо креирање услови за компаниите и инвестиции СДС и ДУИ се грижеа како лично да профитираат, а недостатокот на доверба кај инвеститорите во владата на СДС и ДУИ доведе до тоа инвеститорите да заминат или да ги забават своите инвестиции во државата.

Посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на изградба на економија базирана на факти, докази и долгорочно планирање дава резултати.

Имаме рекорден број странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра.

Реалниот раст на бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2025 изнесува 3,2 проценти.

Како резултат на зголемената конкурентност, зголеменото производство и пласман на производите на странските пазари имаме зголемен извоз за 3,15 проценти во периодот јануари-мај, додека увозот бележи раст од само 1 процент.

Индустриското производство во мај порасна за 9,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Трговскиот дефицит е намален за 80тина милиони долари во првите два месеци од вториот картал, за месеците Април и Мај, што е намалување за 13 проценти споредено за истиот период од минатата година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира мерки и проекти со цел економски раст и унапредување на економија за поквалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

Можете да прочитате

Левица: Пратениците на премиерот енергетичар го одбија амандманот на Левица за Чебрен да влезе во Буџетот

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

Мицкоски: Ветивме и остваривме – Пуштен е во употреба мостот кај Башино село