Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик

Оливер Спасовски, човекот кој што скоро 7 години е прв човек на министерството за внатрешни работи, човекот на кој што се случија десетици скандали и овој пат молчи и се крие од одговорност за случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Веќе два дена Спасовски молчи и не одговара на прашањата кои ги интересира јавноста поврзани незаконските дела, брзо возење и возење со флешери, а потоа и ургенциите за пуштање на возилото мерцедес на синот на Назим Буши, Керим Буши.

Нема одговори, зошто е пуштено возилото мерцедес, по ургенциите на началникот на СВР Скопје Вулнет Аземи. И покрај тоа што имало потерница по скопските улици по возилото кое истото возело со флешери.

МВР и Спасовски не одговараат и на прашањето дали таблиците СК0202 АП се уште постојат во системот на МВР. А, нема ни одговори зошто МВР сокрива дека возилото го возело синот на Назим Буши, кога за тоа постојат сведоци и докази.

Молчат и за сопственоста на возилото, кое во 2021 година Македонски телеком го дава возилото на Назим Буши, а сега истото возило е во сопственост на битолска компанија. Оваа компанија е сопственост на блиски роднини на заменик министерот на МВР, Буши“ велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски молчи заради тоа што се плаши дека ќе ја наруши коалиција СДС- ДУИ, коалицијата на, како што додаваат, криминал и корупција.

„ Заради функционирањето на криминалната коалиција, министерството за внатрешни се држи заложник. Оставки веднаш“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење